Холандија ја ограничува брзината на возилата

Холандија ќе ја ограничи брзината на возилата на максимално 100 километри на час, како дел од итните мерки за намалување на загадувањето со азот, објави денеска премиерот Марк Руте.
Холандската Влада е во криза од судската пресуда во мај, кога илјадници градежни проекти беа одложени затоа што Холандија со години ги прекршувала ограничувањата утврдени од Европската унија за нивоа на дозволен азот во животната средина.

Емисијата на азотен диоксид првенствено е последица на автомобилите, камионите и големите градежните возила на дизел гориво. Азотот во подземните води и почвата генерално доаѓа во форма на нитрати кои се наоѓаат во земјоделските ѓубрива и канализацијата и предизвикуваат хиперпродукција на алги.

– ТОА НЕ Е ПОПУЛАРНА МЕРКА, НИКОЈ НЕ ЈА САКА, НО ЌЕ СЛУЖИ ЗА ОПШТОТО ДОБРО, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ. ТОЈ ИСТАКНА ДЕКА НЕПОТРЕБНИТЕ ЗАГУБИ НА РАБОТНИ МЕСТА МОРА ДА СЕ СПРЕЧАТ.

Градежните работи беа стопирани со пресуда на судот за околу 18.000 проекти поврзани со автопатите, аеродромите, ветерниците и домувањето.