Холандија ја достави до Европската унија Резолуцијата за враќање на визите за државјаните на Албанија, известуваат во петокот медиумите
Оваа земја до Европската комисија денеска ѝ официјално ја достави Резолуцијата усвоена во холандскиот Парламент, со која се бара враќање на визниот режим за патување на албанските граѓани во земјите на ЕУ.
„Укинувањето на безвизниот режим за албанските граѓани е неопходно поради видното зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија. Овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење“, се наведува во Резолуцијата.
Во Амстердам, парламентот ја усвои резолуцијата на 16-то април на барање на група пратеници.