Од сите натпревари кои се денеска на програмата, убедливо најголемо внимание привлекува дерби пресметката во групата “Б”, дуелот помеѓу финалистите од претходниот Мундијал, репрезентациите на Холандија и Шпанија.
Искусниот играч за врска од редовите на Холандија, Весли Снајдер призна дека уште го боли минималниот пораз од пред четри години.
„Поразот од Шпанија во финалниот натпревар е како лузна која никогаш нема да исчезне, секогаш ќе биде на нашето лице. Никогаш нема да ја излечиме таа болка. Секогаш се растажувам кога ќе помислам на тој пораз. Мислам дека одлично функционира новиот систем кој е наметнат од нашиот селектор Луис ван Гал. Создаваме повеќе чисти шанси, контранападите делуваат убиствено. Шпанија е бранител на тронот, голем фаворит за победничкиот пехар, но ние сме подготвени за борба. Ќе биде тешко, а убеден сум дека нијансите ќе го одлучат победникот“ – изјави искусниот играч за врска Весли Снајдер.
Дуелот помеѓу Шпанија и Холандија стартува во 21 часот.