
Горниот дом на холандскиот Парламент денеска усвои законот со кој се забранува носење марами кои го покриваат лицето во јавни згради како училиште, владини канцеларии и болници.
Долниот дом на холандскиот Парламент во 2016. година усвои таков закон по обидите за вовдување на сеопфатна забрана на бурки и марами кои го покриваат лицето.
Сличен Закон е усвоен во Австрија, Франција, Данска и Белгија.