Холандски суд го осуди фудбалерот Промес на 18 месеци затвор

Холандски суд го осуди во понеделникот во отстуство напаѓачот на московски Спартак, Квинси Промес, на 18 месеци затвор порадио напад во врска со тепачка во 2020 година во кој го прободел во коленото својот братучед.

Сега 31-годишниот Промес живее во Мосјва и не е сигурно дека ќе се врати во Холандија.

Минатиот месец холандското обвинителство доботлнително го обвини и з атговија со дроги.

Промес претходно играше за холандскиот фудбалски великан Ајакс и за холандската репрезентација.