Соединетите држави и Велика Британија во четвртокот го поддржаа холандскиот премиер во заминување Марк Руте да го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, ставајќи го во силна позиција пред речиси извесното преземање на функцијата, пишува во четвртокот Reuters.
Наследникот на Столтенберг, откако ќе поднесе оставка во октомври, ќе ја преземе функцијата во клучен момент со задача да ја задржи поддршката на членките на НАТО за скапата одбрана на Украина од руска инвазија, истовремено претпазувајќи се од каква и да е ескалација што директно би го вовлечела Алијансата во војна со Русија.
„Претседателот Бајден силно ја поддржува кандидатурата на премиерот Руте да биде следниот генерален секретар на НАТО“, рекол за агенцијата Reuters неименуван американски фунцкионер. „Премиерот Руте има длабоко разбирање за важноста на Алијансата, е природен лидер и комуникатор, а неговото водство добро ќе и служи на Алијансата во овој критичен момент“, додаде тој.
Претходно во средата американскиот магазин Politico, повикувајќи се на двајца високи функционери, објави дека Руте обезбедил поддршка од две третини од земјите на НАТО, односно од 20 членки, за да го преземе водството на воената алијанса подоцна оваа година, како и дека имал подршка од американскиот претседател Џо Бајден и согласност од сите членки.
Руте, кој води кампања за челната функција во Алијансата од ноември, е единствениот кого го предложил владите на 31-та земја членка, според некои американски извори.
Според правилата на НАТО, за генералниот секретар мора да се одлучува со „консензус“, што значи дека Руте сепак треба да ја добие поддршката од сите преостанати земји.
Во зависност од исходот на американските претседателски избори во ноември, следниот шеф на НАТО можеби ќе треба да се справи со втор мандат на Доналд Трамп, кој неодамна уште еднаш ја доведе во прашање неговата посветеност на одбраната на сојузниците во НАТО.
Трамп привлече жестоки критики од западните официјални лица на почетокот на овој месец затоа што сугерираше дека нема да ги заштити земјите кои не ги исполнуваат целите за одбранбени трошоци на Алијансата, па дури и ќе ја охрабрат Русија да ги нападне.
Но, Руте, кој веќе се сметаше за фаворит за највисокото место во НАТО, во саботата рече дека Европа треба „да престане да стенка, кукумјавчи и да се жали“ за Трамп и наместо тоа да се фокусира на она што тој може да направи за Украина. „Мораме да работиме со кој и да е на подиумот“, рече Руте на конференцијата за безбедност во Минхен.
Оваа објава на Reuters за поддршката на Руте од Вашингтон и Лондон е во насока на убедување на преостанатите 11 земји сè уште се воздржуваат од поддршката. Земјите се воздржани од различни причини. Турција побарала од Руте да не ги фаворизира земјите од ЕУ во Алијансата, објави претходно Bloomberg News. Унгарија, пак, има долготрајни разлики со Руте во врска со неговите остри критики за демократското наводното назадување на земјата.
Останува нејасно дали балтичките земји го поддржуваат Руте, со оглед на нивното инсистирање на поголема политичка поддршка за патот на Украина кон пристапување во НАТО. Естонската премиерка Каја Калас изрази интерес за лидерската позиција на НАТО за време на настанот организиран од Politico во ноември. Но, претставниците на НАТО велат дека таа не е во комбинација бидејќи не ја објавила својата кандидатура. Истото важи и за латвискиот министер за надворешни работи Кришјанис Кариш, кој минатата година направи мала медиумска турнеја за да ја испита ситуацијата.
Холандскот премиер со најдолг стаж на должноста, 57-годишнио Руте неочекувано најави дека се повлекува од холандската политика во јули, но ќе остане премиер додека траат коалициските разговори по изборите на 22-ти ноември на кои неговата партија беше поразена.