Холандските железниците во штрајк, бараат зголемување на платите

Вработените во холандските железници во петокот започнаа штрајк во западниот, најнаселен дел од земјата, и бараат зголемување на платите за да ја надоместат големата инфлација.

Железничкиот оператор NS објави дека тоа значи дека сообраќајот ќе биде прекинат и во другите делови на Холандија, вклучително и меѓународните правци кон Белгија.

“Користете друг транспорт или одложете го своето патување. Ниеден заменски автобус нема да вози“, објави операторот на својата веб-страница.

Дваесет ичетиричасовниот штрај е веќе втор во последните три дена, по првата таква акција на северот на земјата во средата. Синдикатите протестираат поради запирање на преговорите со управата за колективниот договор, во текот на кои бараа зголемени плати.

Потрошувачките цени во Холандија до крајот на 2022 година би требало да пораснат за 9,9 отсто, а економскиот раст се планира од 4,3 отсто следната година.

Синдикатите FNV, VVMC и CNV планираат уште три 24-часовни штрајкови, и тоа во понеделник во северозападниот дел од земјата, во вторникот во централна Холандија и во среда во југоисточниот дел.