Во текот на вчерашниот ден во утринските часови во 8:30 часот во с. Трпејца во Охрид, бил пронајден починат 79-годишниот К.Ј.Т. од Холандија.
Од итната медицинска помош е констатирано дека на него немало видливи траги на насилство. Телото е предадено на обдукција по наредба на Јавен обвинител.