Рамната и сјајна коса им се допаѓа на мажите, а секоја девојка барем еднаш во животот посакала да ја има. Некои жени не се грижат многу за должината на косата но има и такви кои би дале се за да имаат долга, густа и здрава коса.
Доколку и вие сте една од нив, тогаш можете да го испробате методот што во моментов е многу популарен во Холивуд, а дерматолозите велат дека нема никакви штетни последици за скалпот или за влакното.
Станува збор истовремено и за евтин метод, затоа што се што ви треба е кромид. Кромидот е добар затоа што е богат со сулфур кој што го поттикнува производството на колаген, што е навистина важно за раст на косата, а резултатите ќе бидат видливи по еден месец.
Рецептот е многу едноставен: Изрендајте две до четири главици кромид и исцедете го сокот. Масирајте ја главата со сокот и оставете барем 15-тина минути да отстои. Ако имате време, можете да го оставите сокот на главата цел час. Така резултатот ќе биде подобар. По ова измијте ја косата како и вообичаено и ставете регенератор.
Овој третман практикувајте го два пати месечно и ќе се изненадите од резултатите.
Според странските списанија, воопшто не треба да се грижите, затоа што косата нема да ви мириса на кромид.
Во прилог следува видео за можниот начин на подготовка и користење на овој тоник.