Холивудскиот актер Метју Меконахи води во трката за гувернер на Тексас

Холивудскиот актер Метју Меконахи води во трката за гувернер на Тексас, покажуваат последните истражувања на јавното мислење.

Меконахи, кој има бројни одлични улоги и изведби во својата кариера, го поддржуваат 40 проценти од граѓаните. Во случај противник да му биде актуелниот гувернер на Тексас Грег Абот од Републиканската партија, за Меконахи би гласале 43 проценти од гласачите, додека 35 проценти за Абот.

На другата страна, најслабо стои потенцијалниот кандидат на Демократската партија Бето О’Рорк.

Холивудскиот актер подобро стои во евентуален дуел против кандидатот на демократите. Во тој случај за него би гласале 49 проценти од гласачите. Изборите за гувернер на Тексас ќе бидат одржани на 8-ми ноември 2022-ра година.

Се очекува Меконахи да се кандидира како независен кандидат, иако постои и мала можност тој во трката да влезе како кандидат на Демократската партија.