Јапонскиот произведувач на мотори Хонда реши да се повлече од Формула 1 по 2021 година. таа одлука ќе предизвика проблеми кај конструкторите со кои фирмата имаше сорбаотка од минатата сезона, а тоа е Ред Бул.
Јапонците објавија дека ваква одлука донеле откако со Ред Бул не успеале да направат доволно добро возило, кое ќе биде во конкуренција за првата позиција.
Како што кажаа претходно, нивната цел на учеството во најбрзиот „циркус“ во светот беше да се конкурентни за титулата.
Ред Бул ќе мора да пронајде нов произведувач на мотори за 2022 година, а претходно нивната соработка со Рено заврши во 2018 година.