Хорор во Индија: 15 мажи силувале дваесетгодишна девојка

Млада Индијка била жртва на силување, 15 мажи ја нападнале.

Во јужниот дел во Индија група хулигани силувале дваесетгодишна жена, а за ова злосторство биле осомничени 15 лица, од кои тројца се во бегство. Девојката е хоспитализирана.

Ова е најнов случај во серијата сексуални напади кои се случија во изминатиов период во Индија. Новиот случај е објавен два дена пред одбележувањето на годишнината од  смртта на студентката од Индија, која почина како последица на насилството и бруталното силување во автобус од група мажи. Овој настан предизвика големо незадоволство во Индија.