Според информациите од локалните медиуми, 16-годишна Индијка се запалила откако два пати била силувана од членови на владејачката партија на Западен Бенгал „Тринамул Конгрес“.
Несреќната девојка починала на новогодишната ноќ откако се запалила по силувањето. Над 65 отсто од нејзиното тело било изгорено.
Откако им поглегнала на повредите полицијата дошла во нејзиниот дом и два часа по полноќ им се заканувала на родителите дека ја срушат вратата ако не им го дадат нејзиното тело кое сакале да го кремираат за да ги заштитат сторителите на монструозниот чин. Но, со помош на Комунистичката партија на Индија, семејството успеало да го погреба девојчето