Хорор во скопско средно училиште: Ученици се изболе со нож

Седумнаесетгодишно лице од Скопје, со убодна рана во пределот на левото рамо, било донесено вчера во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од МВР.

Повредата му била нанесена од 15-годишно лице од Скопје во средното училиште „Арсени Јовков“, каде двајцата се ученици.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.