Хоспитализираните ученици од Арсени Јовков во стабилна состојба

Учениците од средното економско и правно училиште Арсени Јовков во Скопје, кои денес околу 18:30 часот се пожалија на печење на очите и грлото по што беа хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба.

Обезбедувањето на училиштето веднаш повикало полиција, а учениците со итна медицинска помош се пренесени во скопската Клиника.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги посети учениците кои биле префрлени на Токсикологија.

Се врши увид и се работи на утврдување на причините. Повеќе детали од МВР ќе соопштат во текот на утрешниот ден.