Хоти: Нема разговори за територијалниот интегритет и суверенитет на Косово

Косовскиот премиер Авдулах Хоти, за време на состанокот со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Косово, изјави дека основните принципи на платформата на Приштина за дијалог со Белград е дека не може да се преговара за територијалниот интегритет, суверенитет и внатрешното уредување на земјата.

Хоти ги информирал амбасадорите за мерките кои ги презема косовската Влада околу економското заздравување од последиците предизвикани со пандемијата на коронавирусот и ја претстави владината платформа за дијалогот со Србија.

„Договорот мора да биде согласно Уставот на Косово“, нагласи Хоти, додавајќи дека Владата има пристап кон дијалогот, каде главна цел во целиот овој процес е меѓусебното признавање на двете земји.