![mickoski-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/mickoski-2.png?resize=696%2C383&ssl=1)
Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса Биљал Касами денеска имаше средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во зградата на тетовската локална самоуправа. Двајцата истакаа дека зборувале за решенија за кризите во државата.
-Со Христијан Мицкоски разговаравме за соработката на централно ниво, за изнаоѓање на решенија во делот на кризата во која се наоѓа државата, како и во меѓународно ниво, на внатрешен план за економската криза која е посериозна во делот на енергетската криза, разговаравме во делот на тоа како да ги координираме активностите за да имаме побрзи избори и волјата на народот да биде на централната власт, Владата да биде согласно гласовите на народот, истакна Касами.
И Христијан Мицкоски рече дека имале конструктивен состанок и разговар за актуелните теми кои ги мачат сите граѓани.
-Разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација како што кажа градоначалникот за предизивиците за енергетската криза. Дојдовме до еден заеднички заклучок дека и тоа е заклучок на огромно мнозинство граѓани дека држава оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа Влада треба час поскоро да замине за да и тргне на Македонија и граѓаните на Македонија без разлика дали се тоа граѓаните на Скопје, Штип, Тетово, Струга. Колку подолго оваа Влада на СДСМ и ДУИ остане таму каде што е толку повеќе проблеми ќе имаат сите граѓани толку повеќе полни автобуси ќе ја напуштаат Македонија и најголем дел од нив никогаш нема да се вратат, толку повеќе ќе имаме корупција, криминал, ќе имаме лоша економска состојба. Ако некогаш бевме лидери во регионот според економскиот раст и бројот на инвестиции за жал денеска сме на самото дно и поразувачки факт е тоа, истакна Мицкоски.