![Mickoski se rakuva so Paun](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/Mickoski-se-rakuva-so-Paun.png?resize=642%2C422&ssl=1)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со директорот на Меѓународниот републикански институт за Македонија, Oвен Паун и претставници на ИРИ.
На средбата е дискутирано за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, наведуваат од оваа партија, како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат.
„Мицкоски ја истакна бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на Специјалното јавно обвинителство во истите. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со Уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена ррака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата.
Соговорниците беиле согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продалбочи.