Скандалозни информации деновиве се поврзуваат со кандидат за градоначалник на СДСМ во Битола, Христо Кондовски.
На перфиден, но, прилично морбиден начин, тој од 2019 до октомври 2021 година ја злоупотребувал инвалидноста на својата покојна мајка, Цветанка Кондовска, почината пред седум години, за лична финансиска корист. Правејќи финанскиски криминал го оштетува државниот буџет, Јавното претпријатие за државни патишта и осигурителни компании.
Имено, тој ги злоупотребувал документите за инвалидност на својата покојна мајка, за да си овозможи намалени давачки за регистрација на возилото, привилегии што државата им ги овозможува на инвалидите. Овие привилегии вклучуваат:
-
- 100 отсто ослободување од надоместок за патарина при годишна регистрација на возилото што е во сопственост на лицето со инвалидитет.
- 100 отсто ослободување од плаќање на патарина на сите наплатни места на јавните патишта во државата за возилото што е во сопственост на лицето со инвалидитет.
- 10 отсто намалување на премијата на полиса за осигурување од авто-одговорност за регистрација на возилото што е во сопственост на лицето со инвалидитет.
- 50 отсто намалување на основната премија за осигурување од авто- одговорнсот која неговата покојна мајка ја стекнала за 10 години без направена штета на туѓо возило во сообраќај.
Христо Кондовски овој криминал свесно го извршувал преку своите компании каде што е менаџер и ко-сопственик: „СН Сообраќаен центар- технички преглед Битола“, фирма преку којашто го регистрира возилото и „СН Брокерско друштво Битола“, преку којашто ја извршува процедурата за осигурување.
Кондовски е човек која за ситна и мизерна лична финансиска корист ја злоупотребил сопствената покојна мајка (инвалид), сопствените компании кои ги менаџира и ја оштетил државата и осигурителните компании, за што треба да одговара и морално и кривично.
Ако е подготвен на ваков мизерен и морбиден криминал, што друго Христо Кондовски правел и прави преку своите компании? Што Христо Кондовски би направил со буџетот на Општина Битола што е над 120 милиони евра, ако стане градоначалник во следните четири години? Дали ова е најдоброто за Битола или најлошото за Битола?
Во продолжение документите што го откриваат ова кривично дело на кандидатот за градоначалник за Битола, кој доаѓа од редовите на СДСМ:
На социјалните мрежи пред неколку дена се објави и фотографија од казнена евиденција која покажува дека во 2003 Кондовски бил осуден за тешка кражба.
Лоповот од Битола*
–
Христо Кондовски – Стентонот pic.twitter.com/UIzIeMVc98— Демир (@Trollowsky) October 22, 2021