По повод вчерашната расправа на хрватските пратеници за воспоставувањето на „Денот на Никола Тесла“, која се претвори во расправа за тоа на кој народ припаѓа славниот научник, Будимир потсети дека во Хрватска со години на разни начини се обидуваат да го присвојат Тесла.
„За жал, изгледа дека на нив единствено им одговара мртов Србин, бидејќи со живите Срби се однесуваат онака како што се однесуваат“, рекол Милојко Будимир, претседател на Асоцијацијата здруженија на бегалци од Хрватска.
На хрватското Собрание поприродно би му било да расправа за тргање од дневниот ред на референдумот за кирилицата, отколку за научникот Никола Тесла, оценил Будимир.
Тој заклучил дека „поприродно и понормално“ е во Собранието од дневниот ред да се тргне, како што тој истакнал „срамната одлука за расправањето за референдумот за кирилицата и да се покаже некоја друга димензија, отколку да се расправа за Никола Тесла“.
Будимир потсетил дека Тесла и од страната на мајка си и од страната на татко си бил православен и дека во неговото родно место Смиљане во незвисната држава Хрватска биле убиени 600 Срби, а споменикот на кој се наоѓало неговото име е скршен во деведесетите години.
„Мислам дека тоа најдобро говори што би се случило и со Тесла доколку за време на Втората светска војна се нашол во таа држава, а особено во своето родно место. Тоа се фактите кои укажуваат дека најмалку Хрватите имаат право да се занимаваат со тоа и да манипулираат“, заклучи Будимир.
Пратениците во хрватското собрание се согласиле дека 10 јули треба да го прогласат за национален ден на Тесла и дека неговиот споменик, кој е срушен, треба да биде вратен во Госпич.
Согласноста, меѓутоа следела по жестока расрава, меѓусебни прозивки, споменување на усташите и партизаните, како и споменувањето на рушењето на споменикот на Тесла.