Хрватите уапсени во Замбија се изјаснија за невини, наскоро почнува доказната постапка

Осуммината Хрвати обвинети во Замбија за обид за трговија со луѓе откако посвоиле четири деца од ДР Конго, пред високиот суд во Н’дола се изјаснија во понеделникот за невини за злосторствата за кои се обвинети, пренесуваат хрватските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Четири хрватски двојки денеска првпат се појавија пред Вишиот суд, каде судењето е преместено од понискиот суд. Сите се изјасниле за невини и изјавиле дека го разбраат обвинението.

Следните рочишта се закажани за среда, четврток и петок следната недела. Тогаш се очекува почеток на доказната постапка, односно сослушување на сведоците на обвинителството. Судот им дозволил на хрватските граѓани да ја преведат постапката на хрватски јазик.

На денешното рочиште и службеникот за имиграција од Замбија, кој е обвинет заедно со хрватските двојки, исто така, ја негирал вина. Во понеделникот, судот го прифатил и продолжувањето на обвинението за десеттото лице, државјанин на ДР Конго со живеалиште во Замбија.

Четирите двојки од Хрватска кон крајот на минатата година отпатувале во Замбија со цел да преземат деца од ДР Конго на возраст од една до три години, чии одлуки за посвојување биле потврдени од хрватските судови, а хрватското Министерство за внатрешни работи им издаде хрватски документи за децата. Но тие беа уапсени на 7 декември на аеродромот во Ндола кога имале намера да ја напуштат Замбија со децата, поради сомневање за автентичноста на документите и трговија со деца.

Тие поминаа речиси седум недели во затвор во Замбија, до 23 јануари, кога беа пуштени да се бранат од слобода. На рочиштето на 6 февруари, судијата одлучи да го прекине судењето и им нареди на Хрватите да ја напуштат Замбија во следните 48 часа, но веќе следниот ден двојките повторно беа вратени во притвор поради проширување на обвинението за истите кривични дела за кои се товарат. Набрзо потоа повторно беае пуштени да се бранат од слобода.