Националниот штаб за заштита оваа недела ќе побара нови мерки против ширењето на коронавирусот во Хрватска, вклучително и контроверзен предлог со кој треба да се намали музиката во кафулињата и баровите.
Шефот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, се обиде да ја објасни оваа мерка во интервју за ТВ Нова.
– Кога бучавата е голема, природно е човекот што сака да разговара со некого да му пријде поблиску на соговорникот за да го слушне подобро. Тој не може да остане на растојание. Покрај тоа, обемот на говорот е засилен. Кога викате, се зголемува и аеросолта, која патува побрзо и инфекцијата се шири полесно. Логично е да се намали бучавата во кафулињата и ноќните клубови за луѓето да можат да комуницираат. Бучавата треба да остане, но не мора да биде премногу гласна, за луѓето да можат да комуницираат – рече Чапак.
Тој посочи дека веќе е пишувано за поврзаноста помеѓу ширењето на коронавирусот и нивото на бучава.
– Не знам дали некој забележал, но работата е логична. Ако има повеќе бучава, луѓето се приближуваат и зборуваат погласно – рече Чапак.