Хрватската Влада е пред одлука официјално да побара од НАТО да се грижи за нејзиниот воздушен простор. Ова во анализа го пишува загрепскиот “Јутарњи Лист” кој објави дека Хрватска до 2023 година нема да може да набави ниту еден воен авион, јави дописникот на МИА.
Официјален Загреб уште пред 13 години одлучи да набави авиони за своето воено воздухопловство, но досега тоа го нема сторено. Неодамна хрватската армија ги приземји сите стари „МИГ” авиони, па според информациите на весникот, владата сега и официјално ќе побара НАТО да го обезбедува нејзиниот воздушен простор.
За небото над Хрватска најверојатно ќе се грижат унгарски или италијански борбени авиони.