Според официјалните податоци на Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска, во последните 24 часа се идентификувани 18 новозаразени со коронавирус, јави „б92“.
Затоа, беше одлучено повторно да се воведат некои мерки, како што е забрана за посета на домови на стари лица и некои болници.
Се укинуваат посетите на пациенти во Осијек, Сплит и Загреб.
Се воведува тестирање на здравствени работници кои се враќаат од земји каде здравствената состојба е полоша.
Штабот одлучи дека ќе биде задолжително сите здравствени работници да носат маска во здравствените установи.
Шефот на Националниот штаб, Давор Божиновиќ, на прес-конференцијата рече дека во моментов има 71 активен заболен пациент.