Хрватска го затвори граничниот премин Батровци

Хрватска го затвори граничниот премин Батровци за тешки товарни возила од синоќа на полноќ. Влегувањето на товарните возила на граничниот премин во обратна насока, односно од Хрватска во Србија се одвива со подолги застои, соопштува Танјуг, повикувајќи се на информации од граничниот премин.

Хрватска го затвори граничниот премин Батровци
Хрватска го затвори граничниот премин Батровци

Патничкиот сообраќај и во двата правци и натаму функционира нормално, но како што појаснуваат од граничниот премин Батровци, во сите правци има големи колони.

Хрватска затвори седум гранични премини

Хрватското министерство за внатрешни работи во петокот соопшти дека на неопределено време ќе бидат затворени седум гранични премини со Србија, откако во земјата од средата наутро влегле повеќе од 11.000 бегалци.

За сообраќај беа затворени повеќе државни патишта на границата со Србија и подрачјата на граничните премини Товарник, Илок, Илок 2, Принциповац, Принциповац 2, Батина и Ердут.

Бегалците од Блискиот исток минатиот понеделник се упатија кон Хрватска откако Унгарија ја затвори границата со Србија и откако стапи на сила новиот закон според кој беа воведени поостри казни за илегалното преминување на границите.

 

По големиот наплив на мигранти Хрватска соопшти дека ќе премине на План Б. Повеќе за ова на следниот линк.