Хрватска избира нов Сабор

кампања беше проблемот со напливот на имигранти во Хрватска. Премиерот Милановиќ во своите настапи се трудеше  да демонстрира сочувство кон бегалците, но во исто време манифестираше цврст став и осуда кон соседните земји Унгарија и Србија за начинот на кој се справуваат со имигрантската криза, нагласувајќи дека неговата Влада „прави се за да ги заштити националните интереси на Хрватска“.

И опозицискиот лидер Карамарко играше на картата на бегалската криза, користејќи засилена националистичка реторика, која според аналитичарите, не му донесе голем успех.

SONY DSC
SONY DSC

Аналитичарите нагласуваат дека до пред шест месеци Милановиќ „изгледаше политички мртов“, но благодарејќи на бегалската криза „се врати во живот и ги зголеми шансите на неговата коалиција за успех на изборите.

– Интересно беше да се гледа како сите партии се обидуваа да ја експлоатираат бегалската криза, без притоа реално да знаат како таквото однесување ќе биде примено од избирачите, смета експертот за Југоисточна Европа од Универзиетот во Кембриџ, Јосип Глаурдиќ.

Во вакви услови на крајно поларизирана и поделена политичка сцена анкетите на јавното мислење предвидуваат неизвесна борба меѓу двете најголеми коалиции предводени од ХДЗ и СДП.

Последните анкети, спроведени кон крајот на минатиот месец, покажуваат дека десноцентриситчката „Патриотска коалиција“, предводена од ХДЗ во која партиципираат и Хрватската селанска партија (ХСС), Хрватската партија на правото (ХСП), Хрватската социјално-либерална партија ХСЛС и уште неколку помали демохристијански и десничарски партии, може да очекува меѓу 30,9 и 32,9 отсто од гласовите.

Од друга страна левоцентристучката коалиција „Хрватска расте“ предводена од СДП и либералната Хрватската народна партија (ХНС), според анкетите ужива поддршка на меѓу 30,1 и 31,9 проценти од избирачите.

Далеку зад нив е новоформираната партија Мост, која ужива поддршка на меѓу 4,7 и 6,2 отсто од гласовите. На освојување места во новиот Сабор можат да се надеваат уште и партијата Одржлив развој на Хрватска (ОРаХ) која има поддршка меѓу 2,5 и 4,4 отсто од избирачите и партијата Жив Ѕид, која може да очекува меѓу 3,4 и 3,8 проценти од гласовите.

Ваквите резултати од анкетите укажуваат дека ниту една од двете главни коалиции најверојатно нема да освои мнозинство во Хрватскиот сабор на изборите, па затоа при формирањето на идната Влада ќе мора да бара дополнителен коалициски партнер меѓу некоја од помалите  партии.

– Кој и да победи (на изборите), несомнено ќе се соочи со тешки времиња, смета Глаурдиќ.