Хрватска: Обвинети 300 лекари и медицински работници

Вкупно 364 лица, меѓу кои најмалку 300 лекари и медицински работници, се обвинети во загрепскиот Жупански суд, во најголемото обвинение кое до сега го покренала храватската Управа за сузбивање на корупцијата и организраниот криминал (УСКОК).

Според обвинението, претседателот на Управата на фармацевтската компанија „Фармал“, Дражен Деди и уште четворица директори се обвинети дека од 2009 до 2012 преку мрежа на посредници, односно трговски патнции нуделе и плаќале мито на лекарите за на пациентите да им препишуваат лекови од „Фармал“, но и на фармацевтите да ги нарачуваат нивните лекови, пренесува ХРТ.

Заради остварување на целта, првите луѓе на фирмата вработиле 22 осомничени соработнции, кои ги обиколувале аптеките и ординациите.

Во акцијата Хипократ, полицијата на 13 ноември уапси деветмина осомничени, меѓу кои и најблиските соработници на Деди, кои се задржани во едносмесечен истражен затвор.

Како што наведува „Јутарњи лист“, истрагата најпрво била покрената против 77 лица, за да се прошири на бројки до 364 физички и едно правно лице.