Хрватска: Тутунот на удар на правилата на ЕУ

Најзастапените видови на тутун во Хрватска, „Барли“ и „Вирџинија“ би можеле да се забранат со новите директиви на Европската унија, чие усвојување се очекува на половината на 2014-та година.

Како што оценуваат во хрватскиот Сектор за земјоделство, прехрамбена индустрија и шумарство при Стопанската комора на Хрватска, овие видови би можеле да бидат најмногу погодени доколку поминат сите барања кои што ги поставила Европската комисија во донесување на директивите, донесени со цел да се намали пушењето меѓу младите и редуцирање на бројот на пушачи за два отсто во период од пет години.

Овие видови на тутун не ги задоволуваат строгите критериуми во поглед на содржината на никотин и катран, како и на јаглерод моноксид.