Хрватска ќе крене ѕид на границата со Србија

По словенската делумна блокада на границата ноќта помеѓу неделата и понеделникот и хрватската полиција почна да го ограничува бројот на луѓе што влегуваат од Србија, па расте напнатоста од српска страна затоа што се поголем број бегалци на дожд и на отворено чекаат да ја преминат границата. Истовремено возовите и автобусите се праќаат понатаму во Словенија и покрај договорот.

Според „Јутарњи“ во случај на затворање на границата со Србија, бегалците најверојатно ќе се пренасочат преку Романија во Унгарија, каде границите сеуште се отворени, додека помали се шансите дел од бегалците од Србија да тргнат кон БиХ и понатаму кон Хрватска поради природните препреки.