Хрватски воен хеликоптер се урна во Јадран

До полициската управа Шибеник-Книн во понеделникот претпладнето кусо по 11 часот е примена дојава дека меѓу местата Заблач и Зларин во морето паднал хеликоптер.

Веднаш по дојавата, на местото на настанот биле испратени два брода на поморската полициска станица, заедно со полицајците од другите станици и сите други служби, итна помош, пожарникарите и сите други релевантни служби.

МОРХ потврди дека станува збор за воен хеликоптер.

„Несреќата со хеликоптерот Киое ОХ-58 Д се случила во областа на островите Зларин и Злаце за време на тренинг лет коишто започнал во 10.30 часот утринава.

Преземени се сите мерки и активности за пронаоѓање и спасување на екипажот“. објави МО.