
Хрватскиот премиер Андрија Пленковиќ е заразен со новиот коронавирус, соопшти во понеделникот вечерта хрватската Влада.
„Врз основа на препораките на епидемиолозите, премиерот Андреј Пленковиќ денеска го повтори тестот за присуство на коронавирусот, и тој покажа дека е позитивен, изјави портпаролот на хрватската влада.
Како што е наведено, Пленковиќ во моментов се чувствува добро и ќе продолжи да ги извршува своите активности и одговорности од дома.
Претходно на Пленковиќ му беше наредена епидемиолошка мерка за самоизолација, бидејќи неговата сопруга прва се зарази со вирусот, а по денешниот позитивен тест дадени му се уште нови 10 дена самоизолација,пренесоа хрватските медиуми.