Полицијата го фати 40-годишниот Тони С. кој е осомничен за тројното убиство кое завчера го потресе Кавадарци.
Осомничениот како што информираат од МВР е уапсен во близина на гробиштата во Кавадарци. Во куќата на Тони бил пронајден пиштол со два куршуми.
Според последните информации убиените Илија (61), 56-годишната Билјана и нивнта 33-годишна ќерка Снежана се застрелани со пиштол кој осомничениот го поседувал со дозвола.