Хулиганите на СДСМ и платениците на СОРОС фрлале камења кон вработен во РСМ (Радио Слободна Македонија).
За време на вчерашните протести во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“, а поддржани од опозицијата пред зградата на Владата на Република Македонија, просториите на „Радио Слободна Македонија“ кои се наоѓаат во непосредна близина, повторно беа цел на вандалски напад.
Додека дел од вработените беа на своите работни места, а еден од нив влегувал во просториите на медиумот врз него биле фрлени неколку камења и тврди предмети кои ја погодиле влезната стаклена врата која е целосно уништена. Притоа новинарот бил испратен со погрдни зборови и физичка закана, информираат од РСМ.
Инаку, ова не е прв пат „Радио Слободна Македонија“ да биде цел на вандалски напад и демолирање од учесници на протестите поддржани од опозицијата. Објектот на радиото и на неделникот „Република“ беше на цел на напади и за време на насилните протести од мај минатата година.