
Фондацијата на американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос е вклучена во финансирањето на безредијата и судирите во Мјанмар изјави генералот Зо Мин Тун, официјален портпарол на воените власти кои ја преземаа управата во оваа азиска земја, и се под притисок на меѓунардоната заедница.
Како што наведува генеролот Тун во разговорот за агенцијата РИА објавен во четвртокот, демонстрантите во Мјанмар „веќе подогло време имаат поддршка и поткрепа од западните земји“, со чија помош се криумчари и се внесува оружје во земјата и им се предава на демонстрантите.
„Главното прашање е од каде ги добиваат парите за да го купат она што им е потребно за да направат бомби. А парите тие ги одбиват од Фондацијата Сорос (Open Society Myanmar). Таа одамна во банките во нашата земја под маската на хуманитарна помош чува големи суми пари во американски долари“, вели портпаролот на воените власти.
Истакнува дека особено загрижува тоа што на почетокот на февруари некој повлекол големи суми од банкарските сметки на Фондацијата Сорос, и оти не е јасно за каква цел биле повлечени и каде се сега тие пари.
„Ние веруваме дека овие пари се изворот за претворање на демонтрантите во терористи. Фондацијата Сорос ги чуваше овие пари во една од нашите локални банки. Тоа не е многу голема банка, станува збор за мала комерцијална банка за развој на малиот бизнис. Таму чуваа пет милиони долари. Дел од нив, околу милион ипол долари на 8-ми февруари, претствникот на фондацијата во нашата земја ги повлекол во локална валута. Станува збор за прилично голема сума“, велува генералот Зо Мин Тун.
Според него, ова е само еден од изворите кои им се познати на воените власти во Мјанмар.
„Можеби има и други. На територијата на нашата земја или, можеби, кај нашите соседи“, додава Зо Мин.
Војската на Мјанмар на 1-ви февраури ја собори цивилната влада и ја презена власта апсејќи голем број владини функционери. Војската овој потег го оправда со наводно масовно фалсификување на резултатите од општите избори во 2020 година и неподготвеноста на цивилните власти да го истражат тоа.
Членовите на привремената воена влада ветија одржување нови парламентарни избори за една година и предавање на власта на партијата којашто ќе победи на нив. Подоцна, воениот портпарол поради безредијата со стотици жртви соопшти дека е донесена одлука изборите да се одржат во рок од две години.
Масовните протести против воените власти се секојдневие во повеќето градови ширум Мјанмар. Повеќе од 70 отсто од државните службеници, вклучително и медицинските работници, се вклучија во кампата на граѓанска непослуѓшност кон властите, напуштајќи ги работните места.
Протестите кои привлекоа десетици илјади луѓе во првите денови на отпорот во големите градови, главно сега се запрени а противниците на превратот почнаа да изведуваат ткн „герилски протести“, односно мали брзи искажувања на отпорот пред безабедносните сили да можат да одговорат на нив.
Сите западните влади го осудија превратот, иако досега имаше малку конкретни активности за спроведување на притисок врз мјанмарските генерали.
Советот за безбедност при Обединетите нации побара ослободување на Аунг Суу Кји и дригите притворени политичари. Советот на ОН за човекови права на барање на Велика Британија и Европската унија ќе одржи во петок специјално заседание на коешто ќе се дискутира за кризата во Мјанмар.