По минатонеделниот насилен упад на вашингтонски Капитол Хил, седиштетто на највисоката законодавна власт на САД, на поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп кои се убедени дека му е украдена победата на претседателските избори од 3-ти ноември, и во Германија се разви дискусија за потенцијална опасност која му се зајманува на уставниот поредок на земјата од десничарите и левичарите, како и од противниците на ограничувачките мерки воведени во време на епидемијата.
„Ние во Германија мораме не само да го подобриме обезбедувањето околу важните демократски институции, туку и со многу внимание да ги следиме секташките движења како Квирденекер и ним сличните, кои се протуват на мерките против пандемијата“, изјави за весникот Welt am Sonntag премиерот на сојузната покраина Баварија, Маркус Зедер од Христијанско-социјалната унија (CSU), сестринска партија на Христијанско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел.
Зедер изаразува стравување дека „по грдите зборови би можеле да следат и грди дела“, па дури и формирање терористички групи како левичарската RAF во 1970-те години.
„Од поголемите движења би можело да се искристализираат помали групи кои би сочинувале тврдо јадро и на крајот терористичка келија“, вели Зедер без да навлегува во причините за таквото расположение во германското општество и таквите можни случувања во Германија.
Потсетува дека минатото лето насилни учесници на протестите против владините долгорочни мерки за ограничување на движење и собирање на граѓаните во услови на епидмијата се обидоа да влезат во зградата на Рајхстагот. Некои од нив припаѓале на движењето Граѓани на Рахјот кои не ги признаваат уставниот поредок на сегашна Сојузна Република Германија.
Во ноември некои пратеници биле наводно нападнати од гости во Бундестагот кои наводно биле поканети од евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).
Потпретседателот на Бундестагот, Волфганг Кубицки, изјави дека сцените како оние од Капитол Хил во Вашингтон се „невозможни“ во Германија поради безбедносниот систем со кој е опремена зградата на Рајхстагот.
„Ние тука имаме ситем кој го нема во Вашингтон. Сите влезво во Бундестагот може да бидет блокирани истовремено, а сите стакла се непробојни“, вели Кубицки.
Со тоа тој реагираше на медиумските извештаи според кои пртседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле“ минатата седмица побарал дополнителна полициска заштита за берлинскот Рајхстаг, во кој заседава германскиот парламент.