И бугарските медуми за химната во верзија на Тамара: Нов скандал, Македонија е лута

Во Северна Македонија изби нов скандал околу Гоце Делчев, пишуваат бугарските медиуми за инцидентот на вчерашниот прием во американската амбасада за Денот на независноста на САД, кога македонската евровизиска ѕвезда Тамара Тодевска испушти стих интонирајќи ја македонската химна.

Медиумите во соседна Бугарија го прераскажуваат настанот и ги пренесуваат изјавите на нашите политичари. Тие потсетуваат дека прашањето за Гоце Делчев е се уште актуелно во дебатите кои се водат меѓу двете земји за националноста и одбележувањето на историските личности од ВМРО.

 

„Иако со променет текст интонирањето на химната беше поздравено од гостите, меѓу кои беа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, бурните реакции дојдоа подоцна, а пејачкта беше принудена да се извини“, пишува news.bg.

Некои бугарски медиуми цитираат написи објавени на српски портали каде пишува дека „Северна Македонија ја променила својата химна поради притисок од официјална Софија“.