Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд во северните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 10 до 16 Целзијусови степени, а максималните од 16 до 23 Целзијусови степени.
Во Скопје претпладне ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде 14 Целзијусови степени, а максималната 20 Целзијусови степени.
Во наредните три дена времето ќе биде претежно стабилно и суво, со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде без значителна промена.