И Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ

Екс министерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.

Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ – изјави Филипче за ТВ 24.

Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ , својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.

Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници.