![pakistan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/pakistan.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Пакистанската полиција соопшти дека група мажи фрлиле киселина на три студентки во градот Гуџрат по што едната добила изгореници на лицето, а другите две на рацете. Според информациите, тројцата мажи се уапсени.
Како што изјавил полицискиот претставник, мажите биле на мотори, а студентките ги нападнале во близина на автобуска станица. Две биле сестри, а третата им била другарка.
Според наводите, нападот следувал по семејна караница кога една од девојките одбила понуда за брак. Меѓу напаѓачите бил и чичкото на двете сестри, кој дошол од Исламабад за, како што се наведува, да ѝ се одмазди на едната од нив.
Во конзервативниот Пакистан одбивањето на понуда за брак често доведува до семејни караници.