Германија, покрај САД, со години спроведувала интензивни воено-биолошки активности во Украина, изјави во саботата портпаролката на руското министрство за надворешни работи, Марија Захарова.
Според неа, тој факт во многу ја мотивирал „гласноста“ на Берлин „да биде поактивнен од другите земји на Европската унија во обидите да се припишат“ наводни планови од страна на Русија за употреба на биолошко и хемиско оружје.
„Потврдените информации укажуваат дека германската страна тесно ја координирала својата активнсота на боелето на биолошката безбеднсот со американските сојузници, кои создале мрежа од најмалку 30 биолаборатории во Украина, каде меѓу друтогот се изведувале и опасни истражувања“, вели Захарова во интервјуто за RT.
„Ги повикуваме германските влсти веднаш да престана со ширењето лажни измислици за наводнаа намера на нашата земја да користи оружје забрането со меѓинародното право“, порача портпаролката на руската дипломатија.
Таквите изјави можат „само да ги поттикнат украинските неонацистички баталјон да извршат страшни провокации, а моралната одговорност за трагичните последици во тој случај ќе падне и врз Берлин“, уверена е Захарова.
Кон крајот на март на самитот на НАТО во Брисел, германскиот канцелар Олаф Шолц ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје во Украина.
„Ако Русија подготвува операција, оправдувајќи ја со лажни причини, со цел да користи хемиско и биолошко оружје во Украина, тоа би било кршење на сите правила, договори и конвенции“, изјави тогаш Шолц.
Неговата и реакцијата на западните сојузници тогаш следеше откако Русија објави конкретни сознанија дека украинските радикални националистички паравоени формации заедно со британски инструктори во граничните области со проруските сепаратистички региони во источна Украина донеле хемиски материјали и подготуваат инсцениран хемиски напад за кој треба да биде обвинета Москва. Претходно руското министерство за одбрана презентираше запленета и предадена документација според која се гледа мрежата на американските биохемиски лаборатории во Украина, интензивно воспоставена и финансирана од Пентагон по превратот во Киев во 2014 година.
Како што претходно објавуваше руското министерство за одбрана, спонзорираните од САД биолошки лаборатории во Украина учествувале во програмите во кои особено биле истражувани патогенитена чума и антракс, како и нивното пренесување преку птици преселници и животни кои преминуваат од држава во држава во овој регион. Мрежата се состоела од повеќе од 30 институции кои работеле за Пентагон, а по почетокот на руската офанзива во Украина од земјата е изнесенувано сѐ што е поврзано со оваа американска програма, а документацијата е добиена од украински вработени во тие биолаборатории.
Кога станува збор за хемиското оружје, пак, Москва повеќепати истакна дека руската армија не поседува хемиски борбени средства, бидејќи Русија ги уништила сите залихи под меѓународна контрола уште во 2017 година, како и дека изјавите на западните челници, како на портпаролот на американските претседател Нед Прајс и неговиот претседател Џо Бајден не се поткрепени со никаков доказ.
Русија, исто така, во врска со постоењето на воени биолошките активности во Украина, не го исклучува активирањето на механизмот за консултации според Конвенцијата за занрана на биолошкото оружје и бојните отрови, изјави своевремено Захарова.