И германскиот шеф на дипломатијата приземјен поради застарен авион

Германскиот министер за надворешни работи Хејко Маас пристигна во Берлин во петокот доцна вечерта, 20 часа подоцна откако според распоредот беше предвидено, задржувајќи се во Мали поради технички проблеми на авионот со кој требаше да се врати во татковината.

Маас и 40-члената делегација која ги придружуваше во петокот околу полноќ ја заврши петдневната турнеја по африканските земји. Дополниелниот ден кој го мина во Бамако, министерот ги искористи за работа од својот хотелски апартман и дополнителни разговори со германските сили распоредени во Мали.

Маас допатува во Германија со авион од типот „Airbus A340“, кој го собра шефот на дипломатијата и неговата делегација, додека помалиот авион „А319“ остана приземјен поради проблеми со хидрауликата. Оваа незгода е последната во низата одложувања на летови или принудни приземјувања на германските министри, а Маас го принуди да пропушт важен термин дома.

„Најболната работа лично за мене е што го пропуштам роденденот на својот син“, рече Маас додавајќи дека „му благодари на Бога што синот покажал разбирање“.

Досега германскиот шеф на дипломатијата беше поштеден од низата одложувања на летови кои во текот на минатата година ги погоди неговите колеги, како и самата канцеларка Ангела Меркел.

Министерот за развој, Герд Милер, кој во јануари веќе доживеа два слични одвоени инциденти предизвикани од технички проблеми, ги оцени овие одложувања како дебакл на германската репутација како земја на високата технологија.

Германската влада планира обновување на својата застарена воздухопловна флотила со помош на три нови авиона кој владата би требало да ги добие од армијата.

Маас, кој не доживеа никакви технички проблеми во текот на неговите изминати 300.000 километри лет, ја прими непријатноста со авионот релативно мирно, но призна дека не може да ја дочека испораката на новите авиони.