И институтот „Павел Шатев“ ќе прави список на судии кои ќе подлегнат на странски или домашен притисок и ќе се залага за нивно санкционирање

Институтот „Павел Шатев“ најави во четвртокот дека ќе состави список доколку некој судија подлегне на странски или домашен притисок и ќе предлага до оваа или идна влада бркање од работа и други санкции.

Како што дознаваме, овој став на Инстутутот „Павел Шатев“ доаѓа по најавата дека една од невладините на организации финасирани од фондацијата Сорос блиски на партијата на власт СДСМ, ќе направела список на „непослушни судии“ кои наводно ја опструирале работата на Специјалното јавно обвинителство и за кои „се верувало“ дека работеле спротивно на законот, поради што за нив ќе следеле кривични пријави.

Оваа најава на одредена невладина организација која е под контрола на СДСМ, претставува уште еден доказ за организираниот притисок за судиите да одлучуваат по желбите и насоките на Зоран Заев, а претставува прекршување на членот 11 од Законот за судови.

Член 11

(1) Судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз основа на слободна оцена на доказите.

(2) Се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект.

Од институтот „Павел Шатев“ одлучно најавија дека ќе се спротистават на ваквите обиди за флагрантно кршење на законите и притисок врз судот да делува по диктат на СДСМ.

За потсетување, пред изборите Заев најавуваше генерален реизбор токму за да бидат судиите под притисок кога ќе решаваат за нарачките од СЈО и Заев.

Откако стана јасно дека нема да е можно да прави реизбор бидејќи не е во склад со европските закони, Заев одлучи да го напаѓа судскиот систем преку судскиот совет во кој сака да назначи партиски луѓе кои ќе влијаат врз судиите, ќе ги разрешуваат оние кои не работат по партиски диктат на СДСМ, а ќе ставаат такви кои дословно ќе ги следат насоките и нарачките од Заев за политички прогон и неосновани притвори на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.