Откако менаџерот на англискиот премиер лигаш Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, неодамна изјави дека 28-годишниот Хенрик Мктаријан може во зимскиот преоден рок да го напушти клубот доколку некој ја побуди вистинската цена, бројот на клубовите заинтересирани за ерменскиот играч од средниот ред од ден на ден се зголемува.
Манчестер Јунајтед бара за Мктаријан 40 милиони евра, а прво се појави веста дека Ерменецот би можел да се врати во неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд.
Потоа интерес покажа Јувентус, кој може да влезе во преговори. Имено, Мурињо има проблеми на позицијата лев бек, и сета дека 26-годишниот Бразилец Алекс Сандро би бил одлично решение. Истовремено тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегрри повеќе нема доверба во Сандро, но затоа смета дека добро би му дошол дриблер како Мктаријан.
Но сега во играта се наметнува уште еден калчолигаш, милански Интер, пишуваат во неделата медиумите на Островот. Тренерот на „нероаѕурите“, Лучиано Спалети, смета дека играч кој има одлична контрола на топката како Мктаријан, но проблемот е во тоа што Интер може да го доведе само на позајмица, бидејќи поради финансискиот фер-плеј не е во можност да го откупи неговиот договор.