И Ирска протерува руски дипломат

Ирска ќе протера еден руски дипломат поради наводниот напад со нервен агенс во Англија за кој британската влада ја обвинува Русија, објави во вторникот ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени.

„Министерството за надворешни работи се сретна со амбасадорот на Руската Федерација и го извести дека ќе ја повлече акредитацијата за еден член на неговиот персонал со дипломатски статус, во согласност со одредбите од Виенската конвенција за дипломатските односи, Лицето за коешто станува збор изјави да ја напушти земјата“, изјави шефот на руската дипломатија.

Од понедлникот околу дваесет земј најавија дека ќе протераат повеќе од 110 руки дипломати поради нападот со нервен отров врз поранепшниот двоен руско-британки шпион Серген Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4-ти март во јужниот англики град Солсбери. Шеснаесет членки на Европската унија, САД, Канада, Норвешка, Украина, Македонија и Австралија, исто така, протераа руски дипломати.

Нов Зеланд кој е близок сојузник со Велика Британија во рамките на безбедносниот сојуз во кој се уште и САД; Канада и Австралија, објави дека би сакал да протера руски шпиони во рамките на синхорнизираниот чекор на Западот, но оти не можел да ги најде. Од балканските земји членки на ЕУ, Словенија, Бугарија и Грција најавија дека нема да протераат руски дипломати, како и Австрија.

Британката премиерка Тереза Меј изјави во вторникот на состанокот на својот министерски кабинет дека треба да е направи „и повеќе против Русија поради тој напад“.

„Вчера беше важен момент во нашиот одговор на овој непромислен чин на агресија, но треба да се стори уште повеќе во соработка со меѓународните партнери кога станува збор за долоречен одговор на предизвикот кој го претставува Русија“, соопшти портпаролот на британската премиерка.

Меј рекла и дека државите кои преземале мерку против Русија делувале „не само од солидарност, туку и затоа што сфаќаат дека постои закана“.