Канада, следејќи ги своие политички метори САД и Велика Британија, во вторникот објави дека „привремено“ ги повлелува семејствата на своите дипломати од Украина, поради наводното трупање на руски сили по должина на украинската граница.
Американскиот Стејт департмент ноќта кон понеделникот објави дека им наредил на членовите на семејствата и на прерсоналот кој не е неопходен за работа на американската амбасада во Киев, наведувајќи дека „воена акција на Русија е можна во секој момент“.
Британското министерство за надворешни работи во понеделникот објави дека Обединетото Кралство започнало да го намалува бројот на персоналот во својата амбасада во Киев и евакуирање на членовите на нивните семејства, обрзложувајќи го тоа со наводното растење на воените тензии меѓу Украина и Русија.
„Поради руското трупање на војска и дестабилизирачки активности во и околу Украина, решивме привремено да ги повлечеме децата на пестоналот на канадската амбасада под 18 години и членовите на семејствата во нивна придружба“, изјави канадското министрство за надворешни работи.
Во соопштението не се даваат други поединости. Канада минатата седмица минатата седмица објави дека поради наводна заштита на својата амбасада до Киев испраќа 200 воени специјалци, а на Украина во цел на воена помош ќе ѝ понуди заем до 120 милиони канадски долари.