И Македонија на списокот од 47 „непријателски земји“ на Русија

Рускиот премиер Михаил Мишустин состави список на земји кои наметнуваат „деструктивни ставови кои се во спротивност со руските духовни и морални вредности“, пренесе Тасс.

Списокот вклучува 47 земји, од кои речиси сите претходно беа означени од Русија како „непријателски“.

Меѓу нив е и Македонија, како и сите членки на НАТО, со исклучок на Турција. Исто така на списокот се и сите земји членки на ЕУ, освен Унгарија и Словачка, пренесе бугарски „24 часа“.

На листата се и Швајцарија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд, Микронезија, Бахамите и Украина.

Документот беше потпиша од Мишустин на 20 септември, а беше издаден во согласност со указот на претседателот Владимир Путун од 19 август годинава.