И Македонија воведува трета доза вакцина против Covid-19

Трета доза од вакцините против коронавирусот ќе биде воведена и во Македонија, а како што рече во понеделникот министерот за здравство Венко Филипче, дополнителната доза ќе биде препорачана кај луѓе кои се имунокомромитирани, односно со ослабен имунолошки систем.

„Станува збор пациенти со трансплантации, пациенти кои се на хронична дијализа и други пациенти согласно дијагнозата. Препораката дојде денеска, во текот на неделата ќе стартува овој процес“, истакна Филипче.

Министерот посочи дека во градовите со висок процент на вакцинација нема пациенти во болниците. Како пример ги посочи Охрид, Битола, Штип.

Филипче истакна и дека досега се вакцинирани 4.000 деца до 18 годишна возраст, најмногу од 16,17 и 18 години.