И на почетокот од 2021-та продолжи трендот на партиски вработувања

Ветувањата за намалување на јавната и државната администрација од страна на премиерот Зоран Заев и власта останаа само празно слово на хартија. Иако поминаа само шест дена откако премиерот Заев во интервју за МИА изјави дека администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна за граѓаните, како и дека се уште се чувствуваат последиците од масовното партизирање на институциите од страна на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, преку објавување на нови огласи за вработување на државни и јавни службеници се појасно станува дека владата на СДСМ го прави токму истото за кое во минатото обвинуваше, ако не и полошо.

Само од почетокот на формирање на старо новата влада на СДСМ, поточно од 31 август па се до крајот на минатата година, институциите под надлежност на владата, како и на локално ниво објавија над 500тини огласи за вработување на лица во државната администрација.

Но, по се изгледа дека трендот на партизирање на институциите не заврши во 2020 година, па така на самиот почеток од 2021 година активни се повеќе огласи и тоа Управата за водење на матичните книги под надлежност на Министерството за правда објави два огласи за вработување на вкупно 5 државни службеници а се бараат лица за позициите советници, референти, помлади соработници, додека пак Агеницјата за администрација вработува нови двајца државни службеници на позицијата помлад соработник. Нето платите со кои овие лица ќе бидат платени се во зависност од позицијата, односно најниската изнесува 16.474 денари па се до 26.257 денари.
Медиумите пренесуваа дека на голем дел од претходните огласи каде што се бараа голем број на државни службеници веќе претходно се знаеле кандидатите, а објавувањето на огласите било само од правно формален аспект.
Голем број на граѓани обвинуваа дека власта масовно врши партизација на администрацијата преку вдомување на партиски активнисти на СДСМ во државните органи кои не се квалификувани за овие работни позиции на кои се вработуваат, туку се лица кои ќе бидат само “верно“ гласачко тело, но не и за она за кое што се вработени а тоа е да бидат во служба и интерес на граѓаните.