Воопшто досега не се огласија во јавноста ниту владејачката СДСМ, ниту директно засегнатите во разговорите кои се појавија во медиумите прет три дена во кои контроверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака во аудио-снимка потврди дека на Зоран Заев му дал 300.000 евра пред референдумот за промена на уставното име на земјата.
Никој од споменатите во снимката, лидерот на СДСМ и премиер во периодот кога е воден разговорот – Зоран Заев, Зоран Милевски-Кичеец, ниту, пак, генералниот секретар Драги Рашковски не ја коментираа содржината на разговорот.
Заев пред два дена направи неуспешен и неубедлив обид да го негира она што се споменува во разговорот, наводно дека со разговори меѓу трети лица и него да го инволвираат.
Забалежително е и премолчувањето на платените промотери на СДСМ по социјалните мрежи. Дури не се осмелуваат да инстинуираат дека снимката е „вон контекст, сечена лепена, монтирана…“.
Од една страна е што српскиот бизнисмен изрично во разговорот тврди дека веќе дал 300.000 евра, за кои тој вели дека се користени од страна на власта во тогашниот референдум. Поради тоа, Заев мора да одговори или да го негира ова тврдење, од коешто произлегува дека можеби со ваков „црн фонд“ бил вршен поткуп или во моментов се врши.
Сето ова Заев го правел од позиција на премиер и во периодот кога се подготуваше референдумот за името со кој требаше да биде потврден Договорот од Преспа. Тогаш Заев и неговиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, вклучително и нивните „ботови“ на социјалните мрежи. инсинуираа дека опозицијата и сите оние кои се противеа на промената на името Македонија ја обвинуваше опозицијата за некакво руско влијание.
Меѓутоа, како што се покажува сега Заев директно контакрирал со личност за којашто медиумите од регионот ја посочуваат како наводен регионален протагонист на субверзивни активности на руското разузнавање со цел да се поткопаат евроатлантските аспирации на земјите од западен Балкан.
Српски тајкун со руски врски: Кој е Давидовиќ Дака со кој прават деловни планови Заев и Рашковски
Од таму се поставува и прашањето каква е улогата на македонскот разузнавачко-безбедносен систем. Нивните мрежи морале да бидат запознаени за каква личност станува збор, ако од ништо друго од написите во црногориските и српските медиуми за поврзаноста на Давидовиќ со наводниот обид за пуч во Подгорица во 2017-та година, и за одржувањето контакти меѓу него, посредно или директно, со тогашниот премиер Заев. Тие биле должни да го предупредат на тоа Заев или, пак, свесно ја следеле комуникацијата со којашто подоцна може да тргуваат.