
И покрај масовната меѓународна потрага и натаму нема никаква трага од аргентинската подморница којашто исчезна во јужен Аталнтик на 15-ти ноември до 44 членови на екипажот.
Неделата е единаесеттиот ден откако подморницата „Сан Хуан“ последен пат ја јавила својата позиција во близина на јужниот аргентински брег. Извештаите за подводен звук во близна на последната локација на подморницата сугерираат дека на неа можеби дошло до имплозија откако екипажот пријавил проблеми со напојувањето со електрична енергија.
Во обидот да се одржи почитувањето кон семејствата на членовите на екипажот, портпаролот на аргентинската воена морнарица, Енрике Балби, одби да каже нешто што би го потврдило сега веќе раширеното верување дека 44 морнари се мртви.ж
„Истовремено сме во фаза на надеж и безнадеж. Нема да шпекулираме врз основа на фактите коишто ги знаме“, изјавил Балби за новинарите.
Открил дека седум бродови го прегледуваат дното на океанот во областа за којашто се верува дека е најверојатната локација на „Сан Хуан“.
Американската морнарица објави дека испратила беспилотни подморници опремени со сонар. Во петокот во Аргентина пристигна и рускиот авион кој поседува опрема којашто е способна да ги прегледува теренот на 6.000 метри длабочина. Во потрагата се вклучени и бродови од Бразил, Чиле, Велика Британија и други земји.
Семејствата на членовите на екипажот се сомневаат дека подморницата произведена во Германија во 1985 година не била добро одржувана, што владата на Аргентина го отфрла. Исто така, ја обвинија морнарицата дека пребавно ги дава информациите.